Вести
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Banner Slider

Младинско собирање PDF Печати
Среда, 02 Мај 2012 12:17


По повод мајските празници, традиционално како и секоја година правиме напори за да се состанеме сите заедно од разните краеви на нашата земја. Ораовица, Радовиш беше повторно нашиот избор. Овој пат решивме да се видиме викендот на 28 и 29 април затоа што така повеќе ни одговараше. Бевме околу 25 луѓе, луѓе кои со нетрпение ја очекуваат следната средба. Темата на нашето дружење гласеше „за најсиромавите богаташи„. Огромна благодарност до сите луѓе кои учествуваа во подготовките.
 
Хуманитарност на дело PDF Печати
Недела, 22 Април 2012 11:26

На 20 април Дијаконија Македонија со доброволни дарови на повеќе бизнисмени од струмичкиот регион организираше еднодневна екскурзија во Струмица за децата со посебни потреби од ПОУ„Златен Сремец„ од Скопје.

Повеќе...
 
Велигденски поздрав од ЕМЦ - Христос Воскресна - Навистина Воскресна PDF Печати
Понеделник, 16 Април 2012 22:38
По повод најголемиот Христијански празник Велигден, Евангелско-методистичката Црква во Струмица, а и во останатите заедници во Македонија се проповедаше за најрадосната вест - Христово Воскресение.
На оваа Богослужба со прекрасни Велигденски песни ни послужи струмичкиот црковен хор.
Ви пренесуваме дел од прекрасната свечена Велигденска Богослужба.

Христос Воскресна - Навистина Воскресна

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video
 
Предавања во Мис Стон Центар PDF Печати
Сабота, 14 Април 2012 23:15


Здружението на дијабетичари во општина Струмица под раководство на д-р Слободанка Триводалиева и г-ѓа Ратка Достинова, одржаа предавање за превенцијата во поглед на дијабетисот. Предавањата беа одржани од страна на: д-р Слободанка Триводалиева, д-р Виолета Соколова и д-р Аврам Ванковски.

Повеќе...
 
Курс по компјутери за деца со посебни потреби PDF Печати
Сабота, 14 Април 2012 23:05

Оваа година по трети пат одпочнаа курсевите по комјутери за деца со посеби потреби и надглуви деца. Кусевите ќе бидат спроведени во два термина и тоа едниот е веќе одпочнат од 3 Април, а пак вториот ќе одпочне во Мај. Со сето оваа им овозможуваме на овие деца кои имаат пречки во својот развојот да можзт од блиску да се запознаат со комјутерските вештини, а секако и да ја согледаат потребата од работа на комјутер. Курсевите се одржуваат во Мис Стон Центар, под раководство на стручни лица и тоа Трајче Минов и Мартин Конев.
 
Светски Молитвен Ден на жените PDF Печати
Среда, 07 Март 2012 14:25
По повод Светскиот Молитвен Ден на жените, на ден, петок, 2 Март 2012 година, во Евангелско-методистичката црква, сестрите од Православната, од Католичката и Евангелско-методистичката црква одржаа заедничка Богослужба - заедно на молитва,  да го прослават Светскиот Молитвен Ден на жените. На тој ден во сите цркви во светот жените се собираат на заеднички Богослужби во различни временски термини, и тоа на молитва. Оваа година програмата беше подготвена од страна на сестрите од Малезија. Преку таа програма бевме запознаени со нивните традиции, културата, религијата, знаменитостите... Се надевам дека стекнавме позитивно искуство со програма која доаѓа од една исламска земја. На крајот од тој заеднички екуменски час на секој присутна жена на оваа Богослужба и беше поклонето по едно свежо цвеќе , како и на самото влегување секој жена доби по едно цвеќе направено од девојчињата на нашата Црква со главното мото кое беше на самата програма: „Правдата нека тече како вода, и справедливоста - како силен поток.“ Амос 5:24



Повеќе...
 
Сиромаштијата околу нас PDF Печати
Недела, 25 Декември 2011 16:56



Во петок на 23 декември кога бевме во Старо Балдовци, при делењето на облеката на децата во училиштето, во самиот двор на снегот приметивме неколку боси деца. Бевме изненадени дали е возможна таа глетка, боси и нецелосно облечени да можат да издржат на овој студ.

Повеќе...
 
Хуманитарна Божиќна акција PDF Печати
Сабота, 24 Декември 2011 22:12

 

       
Оваа година Дијаконија Македонија наполни 20 години од нејзиното обновување и 10 години од основањето на „Мис Стон Центар“ во Струмица заедно со проектот „Храна на тркала“. Овие два јубилеа ние ги одбележивме со хуманитарната акција во облека за различни основни училишта во Струмичкиот регион како и за училиштата за деца со посебни потреби.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

top